
Со продажбата на Рафаел ван дер Варт во Тотенхем и отстапувањето на Ројстон Дренте на Херкулес, Реал Мадрид остана без ниту еден холандски фудбалер.
А само пред една година во тимот настапуваа дури шест играчи од холандската
репрезентација. Сепак, набрзо мадриѓаните се одлучија да се ослободат од нив, па прв си замина Клас Јан Хунтелар кој ги засили редовите на Милан.
Следеа трансферите на Весли Снајдер и Арјен Робен во Интер односно во Баерн Минхен, чии ангажмани според многумина претставуваа катастрофални грешки на клубот од Мадрид, пред се поради фактот што во мај и двајцата настапија во финалето од Лигата на Шампионите и тоа како предводници на своите клубови.
Во јануари оваа година Руд ван Нистелрој беше пуштен во слободен трансфер во Хамбургер, откако поради сериозна повреда претходната година не беше јасно дали ќе биде искористен во тимот на Реал. За крај, Бернабеу го напуштија Ван дер Варт кој замина во Тотенхем, и Дренте на позајмица во Херкулес.
Притоа од странците во „кралскиот клуб“ најбројни останаа аргентинците - 4 (Ди Марија, Гаго, Гарај и Игуаин), тројца португалци (Роналдо, Нани, Карваљо), по двајца французи (Ласана и Бензема), германци (Кедира и Озил) и бразилци (Кака и Марсело).